Оваа интернет страна, со домеин https://www.mhomecenter. mk , во сопственост на M Home Center , со седиште на ул. Гоце Делчев бр,113, Струмица, е создадена за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба и купување на производи. Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната https://www. mhomecenter.mk , внимателно да ги прочитате. M Home Center не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.
Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. M Home Center не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт. За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.
Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Северна Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Можете и да ги изненадите Вашите блиски и да побарате достава на нивна адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака.
Цената на испораката e наведена на самиот производ , со вклучен ДДВ од 18%.
Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака.
Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да нѐ информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА M HOME CENTER И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.